ПОЧЕТНА Други лиги Р.НАУМОВСКИ: Сите деца да добијат еднаква шанса!

Р.НАУМОВСКИ: Сите деца да добијат еднаква шанса!

сподели

Новиот клуб ТНТ од Скопје, од населбата Ѓорче Петров, е формиран со цел сите млади кошаркари на возраст од околу 20-тина години, кои што не добиле шанса во посилните клубови, да покажат колку навистина знаат и умеат со портокаловата топка.

Нема да се соочуваат со притисоци и со предрасуди од каков било карактер, туку ќе добијат можност да се натпреваруваат во системот на кошарката кај нас, велат од раководството на новата екипа.

Аплицирајте веднаш за

Идентична и слободна шанса за сите, да покажат колку знаат да играат кошарка, се основното мото и основната цел на основачот на клубот ТНТ, Роберт Наумовски.

„Многу наши млади немаат прилика да продолжат со кошарката, затоа што паѓаат на некакви и секакви типови на селекција, поттикнати од различни фактори.

Ние сакаме да им овозможиме на младите деца од Ѓорче Петров, но и од останатите места во градот и државата, да се тргнат од улица, да играат спорт, во случајов кошарка, а не да се соочуваат и пресметуваат со пороците на модерното време.“ – изјави Наумовски, за нашиот портал.

Финансиите се најголемиот проблем и непријател на малите спортски колективи, кои што се борат за свое место под сонцето, во ова сурово време.

Роберт Наумовски (во средина) со Владо Владичевски и Александар Наумоски

„Почнуваме скромно, со помош од родителите на децата кои што ќе играат во клубот, од ентузијастите во нашата населба и секако благодарност до градоначалникот Александар Наумоски кој што реши, во границите на можностите, општината да помогне да го истуркаме овој убав проект.“ – вели Наумовски.

Уште еден важен проблем кој што мора да се реши е стручниот кадар, нешто со кое што Македонија кубури последниве дваесетина години. Сепак, Наумовски вели дека го има идеалното решение.

„Ако го споменам името на Владо Владичевски, на сите сериозни познавачи на кошарката ќе им стане јасно за кого зборувам и што сакам да кажам.

Играч со искуство од поранешната југословенска лига, кој што не бил само епизодист, туку сериозен конкурент и на најсилните екипи, ќе ја создава нашата играчка идеологија.

Мислам дека со тоа сме разјасниле се што треба, барем за почеток.“ – се зборовите на Наумовски.