ПОЧЕТНА Интернационалци РУСКИТЕ МЕДИУМИ: Магијата на Емил Рајковиќ, е откровение на сезоната!

РУСКИТЕ МЕДИУМИ: Магијата на Емил Рајковиќ, е откровение на сезоната!

сподели
КК Астана

Астана е најголемото изненадување во ВТБ лигата. Вака почнува делот посветен на клубот на нашиот тренер, од последната анализа на порталот Sports.ru кој што е еден од водечките во Русија и во регионот.

Главното откритие за месец октомври е Астана. Магијата на Емил Рајковиќ продолжува да функционира беспрекорно, на казахстанското тло. Тимот без големи имиња, победи дури и против Зенит.

КК Астана

Сега, жолто-сините се меѓу водечките екипи во регионалната лига. Астана демонстрира напаѓачка кошарка, со акцент на контрите, играјќи преку изолација. Оваа екипа игра одлично и во одбраната.

Екипата на Емил Рајковиќ во моментов има 3 победи и 1 пораз во рамките на регионалната ВТБ лига, а во Казахстан се уште нема пораз по 7 одиграни средби во националното првенство.

Квалитетот на новиот тренер се гледа преку употребата на домашните играчи, кои што немаат којзнае каков квалитет поединечно, а во моментов се со битни улоги во ростерот.

Ваквиот „коктел“, зачинет со странските засилувања и носи успех на Астана, на стартот на новата сезона. Казахстанците веќе покажаа дека се компетитивна екипа и дека може да изненадат секого.

Аплицирајте веднаш за

За македонскиот стратег ова е прва сезона во оваа земја, а во неговиот стручен штаб има уште едно македонско име, тоа е Сашо Тодоровски кој што и претходно соработуваше со Рајковиќ, во екипите каде што овој беше прв тренер.

КК Астана

Нивниот успех и соработката на македонските тренери може само да не радува, затоа што ова е веќе трето македонско дуо во силните европски лиги, по Филиповски-Митев во Монако и Спасев-Василев во Легија Варшава.

А, зборовите на странските медиуми за нашите тренери, во случајов за Емил Рајковиќ, треба да не прават горди. Македонија има стручњаци, потенцијал што треба да се насочи и да се искористи, во продукцијата на домашните играчи кои што се клуч за успехот и на клубовите и на репрезентацијата.