ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА РОБЕВ: Тешко е, ама ќе се вратам посилен!

РОБЕВ: Тешко е, ама ќе се вратам посилен!

сподели

Требаше да биде најголемо засилување за Вардар во новата сезона. По една година помината во Гостивар, со многу поголемо искуство, Дамјан Робев одлучи да се врати во клубот во чиј дрес дебитираше во елитата пред две години.

Подготовките ги почна фантастично, стручниот штаб беше исклучително задоволен од него и очекуваше формата да продолжи на стартот од сезоната.

Аплицирајте веднаш за

Но, 21-годишниот бек нема да се појави на терените поради тешката повреда што ја доживеа на еден од подготвителните дуели. Докторите ја потврдија најтешката можна вест за еден спортист.

„Се повредив на пријателскиот натпревар против Куманово на домашен терен во текот на подготовките. Дијагнозата е скинат преден вкрстен лигамент и наскоро треба да одам на операција кај докторот Несторовски.

Вообичаена пауза за ваков вид повреди е меѓу 6 и 8 месеци што значи дека оваа сезона за мене е завршена уште пред да почне.

Тешко е, но, тоа не ме обесхрабрува. Ќе работам вредно и напорно и ќе се вратам посилен од порано. Мотивацијата ми е сега уште поголема од периодот пред да се повредам.

Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи од Вардар и воопшто, сите кошаркари од македонската лига кои по повредата ми се јавија за да ми дадат поддршка и да ми помогнат со совети како да се однесувам и што да правам за побрзо да се рехабилитирам“, изјави Робев за basketball.mk.