ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Робев опериран, почнува процесот на рехабилитација

Робев опериран, почнува процесот на рехабилитација

сподели

Веројатно поинакви ќе беа работите во тимот на Вардар да го имаше во своите редови планираното големо засилување.

Дамјан Робев се врати под Кале по една сезона помината во дресот на Гостивар за да ги води „црвено-црните“ на враќањето во Првата лига.

Аплицирајте веднаш за

Но, на своето второ деби во дресот на матичниот клуб ќе мора да почека до есента 2019 бидејќи за време на подготовките доживеа тешка повреда на дуел со Куманово, а докторите ја потврдија најлошата вест: скинат преден вкрстен лигамент.

По деталните прегледи, Робев е опериран кон крајот на минатата недела, но одамна беше познато дека тој нема да заигра оваа сезона.

„Хируршкиот зафат помина одлично, а докторот Несторовски беше задоволен од состојбата на коленото до интервенцијата бидејќи помина повеќе од еден месец.

Секој ден се чувствувам подобро, 24 часа по операцијата веќе почнав да одам на патерици. За десетина дена ќе ги извадат конците и ќе можам да почнам со физикална терапија.

Свесен сум за сериозноста на повредата и максимално дисциплинирано ќе се однесувам до крајот на процесот на заздравување. За вакви повреди паузата е меѓу 6 и 8 месеци, но нема да брзам бидејќи сезоната ионака е загубена.

И благодарам на целата екипа на Вардар и сите кошаркари од нашата лига кои ми дадоа поддршка во тешкиот период и ме советуваа како да се однесувам во овој период“, изјави Робев за basketball.mk.

Без него во составот, Вардар уште нема победа во првенство по три одиграни натпревари.