ПОЧЕТНА ЕВРОПА Рибрејк на ПАО, 1:1 во грчкото финале

Рибрејк на ПАО, 1:1 во грчкото финале

сподели
ekathimerini.com

Со триумфот 66:71 во Пиреја, актуелниот шампион изедначи во серијата до 3 победи, во која што ќе се решава за новиот шампион на нашиот јужен сосед.

Двете екипи победија по еднаш на стартот и тоа на теренот на противникот. Ник Калатес го предводеше победникот со 18 поени, 7 скока и 6 асистенции.

За Олимпијакос, Јанис Папапетру постигна 13 поени.

Аплицирајте веднаш за

Двете екипи постигнаа најмногу поени во едно прво полувреме сезонава, во меѓусебните дуели, а резултатот по 20 минути игра беше 43:40.

Гостите поведоа на средината на третиот период и имаа 50:56 на крајот на четвртината, водство што го задржаа до крајот.

Следниот натпревар се игра в сабота (10.06.2018) во ОАКА Арена, на теренот на најтрофејната грчка екипа, Панатинаикос.