ПОЧЕТНА Избор на уредникот РЕ-МЗТ-ИЗАЦИЈА: Талисманот ќе ги предводи своите, Грне на чело на МЗТ

РЕ-МЗТ-ИЗАЦИЈА: Талисманот ќе ги предводи своите, Грне на чело на МЗТ

сподели
Ѓорѓе Војновиќ и новиот извршен директор, Тони Грнчаров

Не е официјализирано со комплетната документација, но готово е. Новиот прв човек на шесткратниот македонски шампион, е Тони Грнчаров.

Капитенот што пред 5 години (2011/12) прв ја крена домашната титула во Аеродром, во сезоната кога почна преродбата на сино-белите, сега ја добива функцијата ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР на клубот.

Од останатите неизвршни директори, чиј што број се уште не е познат, но се претпоставува дека ќе бидат вкупно 7 директори заедно со извршниот, ќе биде избран и нов претседател на клубот, што значи ќе биде сменета целата моментална раководна структура на МЗТ Скопје Аеродром, дознава basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за

Со последните политички промени на локално ниво доаѓа и до промени во корен, во идејата и во функционирањето на една од двете македонски екипи, кои што се јин и јанг (МЗТ Скопје и Работнички) на македонската кошарка, спротивностите кои што се комплементираат и без кои што реалноста не би била реална.

МЗТ Скопје добива свежа раководна крв, младост, полетност, енергија, квалитет и чиста гарнитура без опашки. Во контекст на промените, да не заборавиме дека одговорен за младинскиот погон ма МЗТ Скопје, од неодамна е Огнен Стојановски.

Во овие редови посветени на металците, не случајно ја споменавме и другата екипа од главниот град, затоа што Грне своевремено играше и во црвено-белиот табор со кој што исто така ја освои титулата (2008/09), нешто за што тој ќе каже – „Никој не е совршен“.

Александар Тодоров, тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Овој ривалитет што постои во македонската кошарка е и тоа колку здрава основа, за нов подем на овој наш мегапопуларен спорт. Сега е времето да се вратат славните денови на кошарката и да се врати големото скопско ривалство, со што ќе се крене и општиот квалитет на кошарката кај нас.

Неофицијално дознаваме и дека во МЗТ се уште не завршиле со „македонизацијата“ на екипата, дека се уште се бараат македонски имиња кои што дополнително би го засилиле ростерот на актуелниот македонски шампион.

Се чека официјализирање на позицијата на Тони Грнчаров и негово обраќање во јавноста.