ПОЧЕТНА Интернационалци Рецитал на Костоски – 28 поени против Тимба

Рецитал на Костоски – 28 поени против Тимба

сподели

Питешти ја прекина лошата серија од три порази во романското првенство благодарение на македонскиот репрезентативец Александар Костоски.

На гости кај Тимба, Питешти славеше со 82:77, а 29-годишниот плејмејкер беше убедливо најдобар поединец. За 37 минути на теренот постигна 28 поени од кои осум тројки од 13 обиди.

На нив додаде четири скока и пет асистенции за индекс 32 со кој ќе конкурира за признанието за МВП на колото.

Питешти сега е на шестата позиција на табелата со 18 бода колку што имаат четвртопласираната Стеауа и петтопласираната Орадеа. На нив може да им се приклучи и Галати ако победи против Муреш во мечот што се игра по новогодишните празници.