ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Рекорд во Гевгелија: Блокотехна го победи Шкупи со 81 поен разлика!!!

Рекорд во Гевгелија: Блокотехна го победи Шкупи со 81 поен разлика!!!

сподели

Доцното екипирање и фактот што на десетина дена пред почетокот на пренството доби дозвола за настап во Првата лига, придонесоа Шкупи уште да не е подготвен за елитата иако на програмата е четвртото коло.

На гостувањето во Гевгелија, Блокотехна го победи скопскиот тим со 81 поен разлика (128:47) што не е забележано во досегашната историја на македонската Прва лига. Веќе во првата четвртина беше јасно што го очекува Шкупи, домашниот тим постигна 43 поени, а водеше со 30 разлика по десет минути игра.

Аплицирајте веднаш за

Во натамошниот дел од мечот разликата постојано се зголемуваше, а забележани се бројки кои се мошне интересни за анализа. Гостите имаа само две асистенции и дури 50 загубени топки, а речиси половина од поените ги постигнаа од линијата за слободни фрлања.

На другата страна, играчите на Блокотехна ја „билдаа“ својата статистика. Младеновиќ беше блиску до трипл-дабл (18 поени, 9 асистенции, 7 украдени топки), Глигоријевиќ исто така (17 поени, 14 скока, 6 украдени топки), а од оние што играа, поен не постигна само Колев.

Рекордот оваа сезона во македонското првенство го држеше Работнички кој на гости кај АВ Охрид славеше со 50 поени разлика.