ПОЧЕТНА Европски лиги Реал го врати брејкот и е на чекор до титулата

Реал го врати брејкот и е на чекор до титулата

сподели
фото: marca.com

Басконија не ја искористи предноста на домашен терен и во најдобар случај ќе мора во Мадрид да се бори за трофејот во шпанското првенство.

Третиот натпревар од финалната серија во АЦБ лигата му припадна на Реал кој во Виторија славеше со 83:78 и поведе со 2:1. Првата меч-топка ќе ја има на 19 јуни на истиот терен пред бучната баскиска публика.

Клучен период беа последните шест минути од натпреварот. Се чинеше дека Басконија го направи клучниот чекор кон водството од 2:1 во 34. минута кога поведе со 72:65.

Аплицирајте веднаш за

Но, место да го сочува мирот и рутината, домашниот тим му дозволи на Реал да направи серија од 13:2 за само три минути по што се сврте во корист на актуелниот европски шампион.

Бобуа со 17 поени беше најефикасен во редовите на Басконија, но не успеа да го анулира ефектот на Дончиќ кој заврши со 20 поени и девет скока иако половина од поените постигна од линијата за слободни фрлања.