ПОЧЕТНА Евролига Реал воскресна, ЦСКА во криза, Фенер не го дава врвот

Реал воскресна, ЦСКА во криза, Фенер не го дава врвот

сподели

Анадолу Ефес пропушти шанса да ја продолжи победничката серија иако ги имаше сите услови за тоа.

На домашен терен имаше +15 против Реал (69:54) во третата четвртина, но на крајот загуби со 82:84. Европскиот првак воопшто не изгледаше вознемирен кога домаќинот беше далеку напред, продолжи со својата игра и полека го топеше водството на Ефес.

Аплицирајте веднаш за

На 17 секунди пред крајот Реал имаше водство од 82:83, Василије Мициќ ја презеде одговорноста во нападот и шутираше за три поени, но непрецизно. Руди Фернандез од линијата за слободни фрлања само го постави конечниот резултат.

Густаво Ајон со 20 поени и 11 скока беше изненадувачкиот херој на тимот на Реал. Кај Ефес, Моерман постигна 19 поени и 10 скока, Мициќ заврши со 15 поени и 8 асистенции, а Ларкин со 14 поени.

По перфектниот старт, ЦСКА го претрпе вториот пораз во последните три кола. По сензацијата на Будуќност, одговор за рускиот првак најде и Басконија која на домашен терен славеше со 76:73.

Венсан Поарие со 18 поени и 8 скока беше најдобар поединец во редовите на победничкиот тим. Кај ЦСКА се истакна Алек Питерс кој заврши со 20 поени.

Жељко Обрадовиќ повторно го победи „својот“ Панатинаикос, со 69:81. Натпреварот беше решен во последните 6 минути откако во 34. на семафорот стоеше 59:61.

Потоа работите во свои раце ги презеде Калиниќ кој постигна 12 поени во низа и го однесе европскиот вицешампион на +12 (63:75), недостижни за тимот на ПАО.

Србинот беше најефикасен во својот тим со 18 поени, Ловерњ додаде 16, а Весели 15. Лоџески и Папас го предводеа Панатинаикос со по 13 поени.