ПОЧЕТНА Интернационалци РАЈКОВИЌ: Не чека тежок дел од сезоната

РАЈКОВИЌ: Не чека тежок дел од сезоната

сподели
Astana Basketball

Екипата на Астана игра одлично во домашниот шампионат, а се претставува во победничко светло и во регионалната ВТБ лига, која што е најсилна од ваков вид во Европа.

Во Казахстан, екипата на нашиот третер Емил Рајковиќ е единствената непразена (5/0) и е лидер на табелата, а во ВТБ лигата го совлада Зенит и е на делба на 4-та позиција со Локомотив Кубан (2/1).

Astana Basketball

„Во домашниот шампионат играме со двајца странци, дуелот со Тобол ни беше трет во четири дена (78:72).

Astana Basketball

Имаме 5 странци во екипата, бараме 6-ти кој што би ја пополнил максималната дозволена бројка на интернационални кошаркари, за ВТБ лигата“. – вели Емил за basketball.mk.

По одличниот старт на сезоната, доаѓа вистинскиот предизвик. Екипите полека влегуваат во ритам, бројот на натпревари го оптоварува материјалот, а противниците се се потешки.

„Следната пресметка во регионалната лига ќе ни биде гостувањето кај Зиелона Гора. Тоа е тим кој што е на 7-та позиција, има скор 1/1, но има одличен состав во кој што се на располагање 10 квалитетни играчи.

Настапуваме со странците и со 2 или 3 домапни играчи кои што може да го понесат товарот, што значи во моментов сме кратки во ротацијата и ни паѓа темпото на играта, особено интензитетот во одбраната.“ – изјави Рајковиќ.

Аплицирајте веднаш за

Сепак, македонскиот стратег завршува во свој стил, што го наметна додека беше тренер во македонското првенство, а во кој што продолжува и во меѓународната кариера.

„Секогаш играме за победа, а секоја победа во ВТБ лига е драгоцена како злато, затоа што сите тимови тука се многу силни.“