ПОЧЕТНА АБА Растур-систем – втор дел: Будуќност не е дорасната на Звезда!

Растур-систем – втор дел: Будуќност не е дорасната на Звезда!

сподели
фото: Starsport

Српскиот шампион е на само една победа од враќање на доминацијата во АБА лигата, односно враќање на пехарот во свој посед.

И во вториот финален меч од регионалното натпреварување Црвена Звезда и одржа лекција на Будуќност и ја совлада со 107:69, уште поубедливо отколку во првиот натпревар. Домаќинот почна со 8:0, Црногорците вратија со 12:0 и тоа беше се од нив на овој меч.

Во 11-тата минута Звезда водеше со 31:19 по серијата од 14:1, а на четири минути пред крајот на полувреме на семафорот стоеше 44:27. До тој момент „црвено-белите“ имаа само две промашувања од игра – 12/14.

Неверојатната игра на домашната екипа продолжи и во второто полувреме, по двете тројки на Риверс поведе со 84:54, а во 34-тата минута и со +40 (103:63).

Перпероглу со 17 поени беше најефикасен на натпреварот, Ривер постигна 16, а Добриќ 12. Кај Будуќност, прв стрелец беше Гордиќ со 11 поени.

Звезда не дозволи да се повтори минатата сезона кога, исто така, имаше предност на домашен терен, но загуби еден од двата натпревара пред своите навивачи и потоа потклекна во пеколот на Морача. Сега, во најлош случај, за титулата ќе одлучува на домашен терен, во „мајсторка“ иако нема да биде чудо ако слави во Подгорица имајќи предвид дека сезонава билансот со Будуќност е 5:0 во нејзина корист.

Третиот натпревар од финалната серија се игра на 17-ти март во црногорската престолнина.