ПОЧЕТНА АБА Растур-систем во Белград, Звезда води!

Растур-систем во Белград, Звезда води!

сподели
фото: АБА

Црвена Звезда со убедлива победа ја почна финалната серија од АБА натпреварувањето која не носи само трофеј, туку и учество во Евролигата идната сезона.

Пред своите навивачи актуелниот вицепрвак го совлада бранителот на титулата Будуќност со 91:72 и поведе со 1:0. Црногорскиот претставник се држеше одлично во првото полувреме, подолго време беше во водство, но во вториот дел на теренот постоеше само еден тим.

Победата можеше да биде изразена и со поголема разлика бидејќи на две минути пред крајот Звезда имаше и +27 (91:64), но му дозволи на противникот да постигне осум поени по ред.

Били Берон со 19 поени, вклучувајќи 4/4 за тројка, ја предводеше домашната екипа која промаши 13 слободни фрлања. Кај Будуќност само Норис Кол постигне двоцифрен број поени – 18.

Ова беше четврта победа на Звезда против Будуќност оваа сезона по двете во основниот дел од АБА лигата и една во Супер купот пред почетокот на првенството. Вториот натпревар од серијата се игра повторно во Белград, на 14-ти април.