ПОЧЕТНА НБА Распад на империјата?

Распад на империјата?

сподели
The National

Хјустон излезе од негативен скор по триумфот против Голден Стејт со 107:86, победа што има двојно значење – изедначување на билансот и солиден натпревар против силна екипа, најсилната во Лигата.

Џејмс Харден имаше 27 поени за Рокетс, кои што и официјално најавија дека се разделуваат со Кармело Ентони, за трета победа во низа и шеста на последните 8 средби, по катастрофалниот старт 1/5.

Аплицирајте веднаш за

Кај Вориорс најдобар стрелец беше Кевин Дјурант, во очајната шутерска вечер со 4/18 за три поени на првакот, Дрејмонд Грин се врати по суспензијата, а Стеф Кари не игра веќе четири средби по ред и нема да настапи на следните две, поради повреда на препоните.

Хјустон имаше +13 по три четвртини, ја отвори последната со серија 12:2, по тајм-аутот на гостинскиот тренер Стив Кер домашните ги постигнаа следните 9 поени, за недостижна предност од +32 (97:65).

ESPN

Хуанчо Ернангомез постигна 25 поена и беше најдобар стрелец на екипата со седуммина двоцифрени поентери, во победата на Денвер против Атланта со 138:93.

Клиперс ја реализираа првата серија од три победи со триумфот против Сан Антонио (три порази во низа) со 116:111, Лу Вилијамс имаше 23 поени, за домашен скор 7 победи и 1 пораз. Претходно, во двобоите со екипата од ЛА, паднаа Милвоки и шампионот Голден Стејт во двете победи по продолженија.