ПОЧЕТНА Европски првенства Рапсодија во портокалово: Холандија ја уништи Словенија за сензационално злато

Рапсодија во портокалово: Холандија ја уништи Словенија за сензационално злато

сподели

Иако беше далеку од кругот на фаворитите, холандската репрезентација е шампион на Европското првенство Б-дивизија што се одржуваше во Скопје.

Селекцијата која во групната фаза играше со Македонија и многумина ја сметаа за аутсајдер во однос на Чешка и Израел, одигра фантастичен шампионат и сосема заслужено дојде до златото.

Аплицирајте веднаш за

Во финалето, “лалињата” убедливо ја совладаа Словенија со 86:57, уништувајќи ја во поим репрезентацијата на големата кошаркарска велесила.

Победникот беше решен уште во првото полувреме во кое Холандија водеше со 15 поени разлика за одличната игра да продолжи и во вториот дел. На моменти, предноста на портокаловите одеше и над 40 поени, па Словенците на крајот само делумно успеаја да го ублажат поразот.

Морган Стилма со 16 поени и 7 скока и Ринк Маст со 15 поени и 11 скока беа најдобри поединци во победничката селекција. Во словенечката репрезентација се истакна само Петар Вујачиќ кој стигна до 20 поени.

Холандскиот центар Нејтан Кута е прогласен за МВП на првенството, а заедно со него во идеалната петорка се уште: Грегор Глас од Словенија, Вренц Блејенберг од Белгија, Хенри Дрел од Естонија и Дмитри Рјуни од Белорусија.

Заедно со Холандија и Словенија, во А-дивизијата оди и Белгија која во борбата за третото место беше подобра од Естонија со 73:67.

Македонија заврши на 18. позиција откако во последниот меч загуби од Швајцарија.