ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Рано му е за пензија

Рано му е за пензија

сподели

Перо Антиќ (36) играше во дресот на (ѕвездите на) Работнички, на хуманитарниот меч што нашата најтрофејна екипа го организира во чест на Ирена Танчева, 25 годишна мајка на две деца, која што мора итно да се оперира во Русија.

Публиката донираше во кутиите пред салата, а сите граѓани кои сакаат, можат да донираат и на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева и на телефонските броеви 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне).

Аплицирајте веднаш за

На дуелот кој што немаше никакво натпреварувачко значење, сепак на моменти ја почувствувавме магијата на нашите ѕвездени кошаркари, од минатото, од кои што сепак се издвои Перо Антиќ.

Иако не игра активно од минатиот јуни, кога му истече договорот со Црвена звезда, нашата „брада“ покажа дека е во завидна форма и уште еднаш докажа дека кошарка игра лесно како пердув.

Перо им парираше на актуелните првотимци на Работнички, кои што в понеделник го играат првото вечно дерби сезонава во Јане Сандански, како никогаш да не престанал со активни тренинзи.

Одлично ја одржува својата линија, а кошаркарското знаење останало, односно тоа е (скоро) како возење велосипед – еднаш учиш (со додавката – ако можеш да научиш) и никогаш не забораваш.

Перо Антиќ во моментов е слободен стрелец, односно нема ангажман никаде, иако имаше неколку атрактивни понуди во текот на летниот период од неколку силни европски екипи.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, е најголемиот акционер во екипата на КК Гостивар, од што проникнаа шпекулации дека би можел да го облече дресот на оваа екипа.