ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Различни од сите и пример за сите

Различни од сите и пример за сите

сподели

Гостивар е мал град, дури и за наши услови. Кошарката таму, некогаш беше, потоа не беше и сега повторно е спорт број 1. Тоа е местото што го даде првиот шампион, што не се викаше Работнички.

Минатата сезона, овој спорт воскресна во ова наше западно и опколено со прекрасна природа, населено место, каде што сите живеат без предрасуди и заедно како еден.

Во гостивар, се чека ред за билет за мечевите на КК Гостивар.

Ние не сме велесила, но учиме од најдобрите како треба да функционираме. Чекориме полека, од сезона во сезона сакаме да одиме по едно скалило.

Аплицирајте веднаш за

Ова беа дел од констатациите на челниците на КК Гостивар, на официјалната промоција на новата сезона.

И по ова се уникатни – никој не се сети да ја отвори новата натпреварувачка година, со свечена презентација. Не беше ништо помпезно, туку одмерено и вкусно, како што треба и како што доликува.

Раководството останува исто, неколку пријатели по различни линии, собрани на една маса, кои што засега домаќински го водат овој проект, кој што им станува милениче.

Управата на КК Гостивар и првите кошаркари од овој град, на мечот со Куманово.

А што славевте на паркетот, што освоивте? Било прашањето на некој случаен гостин од друга земја, за моментот кога минатата сезона, на крајот на последниот меч, половина град беше на теренот во салата Младост.

Не освоивме ништо, го славиме нашето постоење, го славиме животот, го славиме спортот, бил одговорот од еден гостиварец.

Па, добро, а како ќе биде ако освоите титула? Ќе го затвориме градот!

Гостиварци ја почнуваат новата сезона во малку изменет состав, кој што на прв поглед изгледа посилен од лани.

Целта е пласман една позиција погоре, а тоа е 4-то место и полуфиналето во првенството.

Залакот не е голем, желбата е реална, останува да се одработи. Ако се тече како минатата сезона, ќе гледаме плеј-оф во најполната сала во Македонија. Просекот беше 1.600 гледачи, од капацитет 1.800.

Само РК вардар има повеќе публика во нашава земја. А, црвено-црните, се европски шампиони.