ПОЧЕТНА Избор на уредникот Различните емоции на Тодоров и Србиновски

Различните емоции на Тодоров и Србиновски

сподели

Едниот е прв во насловот, само затоа што беше домаќин во меѓусебното соочување. Другиот е мирен додека не го чепнеш каде што боли најмногу, во точката „неправда“.

Александар Тодоров и Марјан Србиновски, односно нивните екипи МЗТ Скопје и Гостивар, во Аеродром одиграа прволигашки (за наши услови) шлагер во рамките на 6-то коло.

Аплицирајте веднаш за

Пресметката беше возбудлива, имаше динамика, се играше пред публика (иако во малата сала при СЦ „Јане Сандански“) и добива оценка одличен 5.

Двајцата гореспоменати имаа полни раце работа, се разбира поинаку го доживеаја натпреварот, а уште поразлично го демонстрираа кошаркарското во себе, покрај аут линијата.

Будното око на нашиот фотограф ги доловува и најситните детали, од гестикулациите и движењата на двајцата стратези.

Еве ја галеријата: