ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Разиграни кадети ја растурија Словачка

Разиграни кадети ја растурија Словачка

сподели

Македонската кадетска репрезентација е уште еден чекор поблиску кон пласман во четвртфиналето од Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Сараево.

По Белгија, пред нашите момци падна и селекцијата на Словачка која е еден од ривалите за второто место во групата.

Аплицирајте веднаш за

И тоа не како било, туку убедливо со 76:53. Уште долго ќе се збрува за втората четвртина од овој натпревар во кој Македонија прими само еден поен (20:1) и тогаш ги реши сите дилеми околу победникот.

Можеби триумфот можеше да биде изразен и со повисока разлика, но по напорните три дена, избраниците на Александар Јованчев малку го намалија темпото и мирно го приведоа натпреварот кон крајот.

Андреј Андоноски со 20 поени и Марко Миловановиќ со 18 беа најдобрите поединци во македонската репрезентација.

Следува слободен ден, а потоа дуелот со Данска во кој победа не носи во четвртфиналето.