ПОЧЕТНА Избор на уредникот РАЖНАТОВИЌ: Македонија нема таленти, Перо ќе се врати во НБА?

РАЖНАТОВИЌ: Македонија нема таленти, Перо ќе се врати во НБА?

сподели

Харизматичниот и највлијателниот кошаркарски менаџер во Европа, Мишко Ражнатовиќ во ексклузивна изјава за basketball.mk се осврна на кошарката во нашата земја, нашиот интернационалец и начинот на кој што тој ги создава големите кошаркари преку младинската школа на Мега.

РЕДАКЦИЈА: Колку сте задоволен од постигнатиот успех со Мега, пласманот во финалето на младинската Евролига?

МИШКО РАЖНАТОВИЌ: Може да се каже дека сме задоволни, со оглед на тоа што нашата екипа тука настапи ослабена, без главниот плејмејкер Јован Виријевиќ, кој што е повреден.

Аплицирајте веднаш за

РЕДАКЦИЈА: Колку од овие момчиња ќе одат во првата екипа?

МИШКО РАЖНАТОВИЌ: Тоа се сигурно Гага Битадзе и Никола Мишковиќ. Двајцата имаат НБА перспектива. Останатите ќе одат на позајмица во екипите во српската лига, каде што дополнително ќе се развиваат.

РЕДАКЦИЈА: Има ли Македонија таленти, може ли скоро да видиме некое наше име во Вашата екипа?

МИШКО РАЖНАТОВИЌ: Македонија во моментов нема експонирани кошаркари на возраст околу 15-16 години. Моите скаути ја скенираат состојбата во Вашата земја. Иако нема моментално, сепак знаеме дека Македонија секогаш знаела да даде по некое големо кошаркарско име.

РЕДАКЦИЈА: Каде ќе игра Перо Антиќ следната сезона?

МИШКО РАЖНАТОВИЌ: Се зависеше од овој Фајнал фор. Сега Фенербахче ја освои титулата. Ќе видиме. Има договор на уште една година, кој што е со опција за заминување. Можно е Перо да се врати во НБА лигата, за ветерански договор. Тој е играч што може да и помогне на секоја екипа. Неговите квалитети се несомнени. Ете видовте, иако не играше во полуфиналето, во финалето доби минути и го потврди ова мое мислење.