ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА РАДУЛОВИЌ: Неискуството не изгоре

РАДУЛОВИЌ: Неискуството не изгоре

сподели

По една година во Втората лига, Вардар се врати во македонската кошаркарска елита и не разочара во првиот натпревар од новата сезона.

Со млади сили, без повредениот Робев кој требаше да биде прва ѕвезда на овој тим и против далеку поискусен Куманово, „црвено-црните“ до неколку минути пред крајот имаа надеж дека ќе направат изненадување.

На крајот загубија со осум поени разлика, но далеку од тоа дека ги разочараа своите фанови.

„Играчите беа исклучително мотивирани, но бидејќи се млади и неискусни, изгореа во таа желба да покажат дека многу знаат. Прв натпревар, сите влегоа во него со некоја замисла дека ќе го решат во првите 5-10 минути, дека ќе постигнат 15 поени…

Нормално дека тоа нема да се случи никогаш. Втор голем проблем ни беше скокот, а трет, нивниот пик’н’рол. Не можевме да го одбраниме Думиќ (17 поени, 9 асистенции н.з.) и во сите ситуации кога ние нешто успевавме да одбраниме, ни фаќаа топка под нашиот кош.

Куманово имаше дури 16 офанзивни скока што е недозволиво. Сето тоа им даде можност да постигнуваат поени од втора шанса, а такви имаа 18 за разлика од нашите пет.

Аплицирајте веднаш за

Нивното искуство е пресудно во вакви натпревари. Ние го имавме Робев кој требаше да биде лидер на овој тим, но се повреди на подготовките. Капитенот Игор Ивановиќ одигра добар натпревар, но му требаше поддршка, Михајлоски влезе во проблем со лични грешки и мораше постојано да се менува…

Лошиот скок ни создаде проблем и во организацијата на нападите, не можевме да организираме контранапад, не можевме да нападнеме на висок играч и тоа се одрази на резултатот”, анализира за basketball.mk тренерот на Вардар, Дарко Радуловиќ.

И покрај сите овие проблеми со кои се соочи неговиот тим, повратникот во Првата лига резултатски беше конкурентен до самиот крај. Тоа би можело да даде надеж дека во евентуалната борба за опстанок ќе биде уште подобро.

„Не би можел да се согласам со оваа констатација бидејќи проблемот со моите кошаркари е во, условно, послабите противници. Следниот натпревар ни е со МЗТ Скопје (трето коло, во второто Вардар е слободен н.з.) и сигурен сум дека тогаш ќе одиграат подобро затоа што ќе бидат без никаков притисок.

Во нашиот тим против Куманово, единствен на ниво во текот на сите 40 минути беше Провел кој постигна 32 поена.

Кај него, мотивацијата се преточи во трчање, поентирање, игра на двете страни од теренот. Кај другите предизвика само грч, а со тоа и проблем да го покажат она што го знаат”, додаде Радуловиќ.