ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички ќе добие сала најмногу за три години

Работнички ќе добие сала најмногу за три години

сподели

На состанокот на УО, на кој што главни точки беа (не)играњето на Шкупи во првата лига и салите на двата прволигаша, Работнички и Вардар, присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар која што е главен (и единствен) спонзор на Работнички.

Според Богдановиќ, ако Работнички не игра во својата сала, тогаш и онака големите трошоци ќе бидат уште повеќе зголемени. Опција била салата Кале, но средствата што требало да се платат и непостојаноста на термините (ако се појави во новата сезона, а беше случај во минатото) би биле голем проблем за екипата од Центар.

Момент од доигрувањето пред празни трибини, од прекинатото дерби Работнички – МЗТ Скопје, минатата сезона. „Градски парк“ беше најмногу „напаѓан“ во текот на првенството што е зад нас.

Градоначалникот на оваа скопска општина најави дека се прават надчовечки напори, да отпочне процедурата за салата, која што беше најавена минатата сезона и за која што постои и идејно решение, односно проект, како ќе изгледа.

“Процедурата е тешка и долга, уште потешко е во вакви политички услови какви што имаме денес. Сакаме нова сала, ние најмногу од сите.

Богдановиќ на мечот на Работнички кај Гостивар, во салата во која што е задоволство да се присуствува поради исполнетите трибини.

Најрано до декември ќе почне процедурата, а најдоцна за три години нашиот клуб би требало да добие нова сала.” – изјави Саша Богдановиќ, првиот човек на Општина Центар.

Аплицирајте веднаш за

Во контекст на ова решение на Управниот одбор, збор имаше и иницијаторот на покренување на акција за конечно решавање на условите во македонските сали, по европски стандарди, спортскиот директор при МКФ, Владимир Темелковски, прашање за кое што може да реши само Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација.

„Ако ги поништиме салите на Вардар и на Работнички и ако бараме стриктно почитување на правилата, ќе треба да ги поништиме и салите од сите младински екипи.

Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски и селекторот Јорданчо Давитков, на еден од тренинзите пред дуелите со Косово и Романија, во септемврискиот квалификациски прозорец на ФИБА.

Имаме проблем со инфраструктурата, воопшто како држава и тоа не е тајна. Во моментов ова е најоптимално решение, да се игра според ланските критериуми во наредните 6 месеци, а тимовите да имаат доволно време да ги разрешат сите проблеми.

Момент од состанокот на УО

Во случај да не се доведат во ред сите забелешки кои што им беа дадени на клубовите за нивните сали, уште во месец јуни, тогаш тие ќе мора да побараат алтернативна сала во која што ќе настапуваат, а која што ги исполнува условите на ФИБА. Ова е крајната одлука.“ – рече Темелковски.