ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички ја оспорува победата на Дино Баскет во М14

Работнички ја оспорува победата на Дино Баскет во М14

сподели
mkf.mk

Она што беше споменато на Фејсбук постот за турнирот во М14 конкуренција во Кочани, во коментарите, сега го пренесуваат и дел од нашите медиуми.

Се појави коментар на еден од претставниците на КК Работнички, кој што наведе дека постојат нерегуларности во организацијата.

printscreen-fb

Додека ние чекавме предметот да биде официјално решен, дел од медиумите веќе го пренесоа ставот на поразената екипа:

„Станува збор за фалсификувани лиценци и бараме да се казни одговорното лице за овој фалсификат. Антиќ, Гечевски и останатите од новото раководство крајно време е да го средат овој хаос во македонската кошарка.

Имавме легитимно право да не го играме овој меч, но не сакавме да им го убиваме натпреварувачкиот дух на нашите младинци.“ – велат од клубот, а пренесува faktor.mk.

Ако е ова вистина, се поставува прашањето што правеле официјалните лица, кои што се задолжени за регуларност на натпреварот?

mkf.mk

Кој дозволил, повозрасни деца да настапат во помлада категорија, повторуваме, ако наводните тврдења се точни и кој ќе сноси одговорност и за што?

Ова е ситуација кога случајот се уште е нејасен, ние не заземаме ничија страна, туку ја чекаме „пресудата“ на канцеларијата и надлежните комисии на МКФ.