ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички со само две промашувања го демолира Пелистер

Работнички со само две промашувања го демолира Пелистер

сподели

Подолго траеше загревањето на кошаркарите од одлуката за победникот на натпреварот меѓу Пелистер и Работнички. За седум минути гостите направија предност од 20:0 по што битолчани знаеја дека можат само да доживеат дебакл.

На крајот тоа и се случи, Работнички победи со 106:57 за 15. победа во низа во домашниот шампионат.

Треба длабоко да се навлезе во историјата на македонската кошарка за да се добие одговор на прашањето дали некогаш некој тим погодил 92% од ударите за два поена.

Тоа му успеа на Работнички чии кошаркари реализираа 26/28 и имаа 96% погодени слободни фрлања (24/25). Единственото го промаши Чековски.

Маркус Гинјард беше најефикасен со 23 поени, Бојан Крстевски додаде 20, а Мираковски 14.

Кај Пелистер најдобар стрелец беше Илиевски со 13 поени, а само уште Фандербурк имаше двоцифрен ефект – 11.