ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички решен скапо да ја продаде кожата

Работнички решен скапо да ја продаде кожата

сподели

Со само 6,5 здрави играчи, актуелниот шампион има предност од 46:54 по првото полувреме од третиот натпревар во финалната серија со МЗТ Скопје.

Сите што излегоа на терен дадоа повеќе од својот максимум, а не влијаеше ниту повредата на Бобан Стајиќ кој тешко се движи, но не се предава.

Функционира шутот, гостинските кошаркари постигнаа девет тројки од 17 шута, а Ѓорѓи Чековски игра како во најдобрите денови од кариерата. Постигна 15 поени, не успеа да го запре ниеден од противничките високи играчи.

Кај МЗТ Скопје најефикасен е Иванов со 12 поени, Магдевски постигна 11.