ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички распали со тешка артилерија

Работнички распали со тешка артилерија

сподели

Иако со многу проблеми и со само седуммина здрави и подготвени кошаркари, шампионот води по првото полувреме од вториот меч во финалната серија од плеј-офот.

По 20 минути игра резултатот е 38:32, најмногу поради одличниот шут на екипата од Градски парк.

Работнички постигна девет тројки од 21 шут (42%) или 27 од вкупно 38 поени во првиот дел. МЗТ Скопје во тој сегмент е мошне слаб – 2/12.

Чавдар Костов со 10 поени е најефикасен на теренот, но освежување за шампионот е Виктор Ефремовски кој доби девет минути за кои реализира две тројки и вкупно седум поени.

Иванов и Симоновски се први стрелци кај МЗТ Скопје со по шест поени.