ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички почна проблематично, заврши шампионски

Работнички почна проблематично, заврши шампионски

сподели

Актуелниот првак лошо го почна дуелот од третата рунда во домашното првенство, против расположената екипа на Кожув, но финишира со стил и ги освои бодовите во Градски парк.

Скопската екипа славеше со 102:75, против упорните гевгеличани кои што го извадија најдоброто во моментов од најтрофејната екипа во нашата кошарка.

mkf.mk

Првиот период заврши со предност на домашните, но во вториот подобар скор имаше гостинската екипа, која што на помалку од три минути до крајот на полувремето кратко успеа и да води (39:41).

Аплицирајте веднаш за

Во второто полувреме рамнотежата на силите беше нивелирана и шампионот од минатата сезона покажа дека ќе биде доминантен и во новата натпреварувачка година.

mkf.mk

Пред крајот на мечот, шанса добија младите играчи на Работнички, а најдобро ја искористи Виктор Ефремовски кој што за кратко време постигна 3 тројки од 5 обиди.

Најдобри поединци кај победникот беа Чавдар Костов со 29 поени од стартерите и Кирил Николовски со 26 поени (6 скока) од клупата.

mkf.mk

Други двоцифрени кај црвено-белите беа Димитар Мираковски со 15 поени и Бојан Крстевски со 10. Димитар Караџовски имаше 7 асистенции.

Кај поразените, најдобри беа црногорскиот интернационалец Александар Радуловиќ со 15 поени и Александар Штерјов со 11, а Миладин Пековиќ им се придружи со 10 поени.

По 3 кола, Работнички има 4 победи и е на врвот на табелата со 6 бода, додека Кожув има 4 бода и во моментов се наоѓа на 5-та позиција.