ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички победи, Кожув ги освои симпатиите

Работнички победи, Кожув ги освои симпатиите

сподели
Мишковиќ со 18 поени беше најефикасен на натпреварот

Лидерот на прволигашката табела ја продолжи победничката серија во првенството и по триумфот против Кожув со 76:64 има 14/14. Но, гевгелискиот тим се покажа како еден од најтешките противници за Работнички оваа сезона бидејќи 25 минути беше рамноправен противник и се закани дека ќе направи сензација во Градски парк.

Веројатно никој не очекуваше изненадување дури ни кога Кожув почна со 8-0. Работнички брзо врати и поведе со 11:10, а во вториот период и со 21:14. Но, гостите останаа во игра и на полувреме имаа изненадувачки резултат – 36:36.

Клучниот период од мечот беа последните пет минути од третата четвртина во кои Работнички направи серија од 12:0 и поведе со 61:45. Кожув повторно даде отпор, но не се доближи на помалку од шест поени негатива (57:63) на околу четири минути пред крајот.

Работнички одигра доста лошо во одбраната, можеби и противникот не беше доволно инспиративен за лидерот чии кошаркари погодија само пет тројки од 27 обиди и имаа полош шут од поле во однос на Кожув (43,5% – 46,2%).

Најефикасен во домашниот тим беше Расел Робинсон со 17 поени, веднаш до него Кирил Николовски со 15 и 11 скока.

Во екипата на Кожув прв стрелец беше Мишковиќ со 18 поени. Ако гевгелискиот тим продолжи со ваква игра, многу веројатно ќе обезбеди опстанок во Првата лига.