ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички – МЗТ Скопје 7:2

Работнички – МЗТ Скопје 7:2

сподели
mkf.mk

Вторпат во историјата на македонската (самостојна) кошарка екипата од Аеродром ја освојува титулата по триумф во финалната серија против својот најголем ривал.

Првпат тоа го прави со максимални 3:0 откако пред пет години триумфираше со 3:1, за, тогаш, трета шампионска титула на МЗТ Скопје.

Ова беше деветто финале во домашното првенство во кое учествуваа двете најтрофејни македонски екипи. Работнички води со 7:2, пред се поради перфектниот ефект во првата деценија од формирањето на Првата лига кога триумфираше во сите пет меѓусебни пресметки со аеродромци.

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив „преку“ МЗТ Скопје ги освои титулите во 1993, 1996, 1998, 1999, 2001, 2004 и 2018 година. Ова е петти пораз во финале за Работнички, два пати загуби од МЗТ Скопје (2014 и 2019), а по еднаш од Николферт (2000), Струмица (2007) и Фени Индустри (2011 гоидина).

Екипата од Градски парк е само втора која МЗТ Скопје ја победил два пати во финална серија. Два пораза досега имаше само Куманово (2015 и 2016 година), а по еднаш загубија Фени Индустри (2012), Кожув (2013) и Карпош Соколи (2017 година).