ПОЧЕТНА Куп на РМ Работнички – МЗТ Скопје 3:2

Работнички – МЗТ Скопје 3:2

сподели
Кире Николовски ќе се бори за првиот трофеј во дресот на Работнички, Бојан Трајковски за првиот во дресот на МЗТ Скопје

Иако најтрофејни во македонската кошарка, Работнички и МЗТ Скопје само шести пат во овие 26 години ќе се сретнат во финалето од Купот на Македонија.

Досегашниот биланс е 3:2 во корист на тимот од Градски парк кој има и една титула повеќе во однос на „вечниот“ ривал, односно води со 9:8.

Последен пат се сретнаа во 2011 година во СЦ „Борис Трајковски“. Тогаш славеше Работнички со 74:69, на клупата на „црвено-белите“ исто така беше Марин Докузовски, а за МЗТ Скопје играше сегашниот претседател на МКФ, Петар Наумоски.

Марин Докузовски како прв тренер му донесе четири титули на Работнички во Купот, еднаш го победи МЗТ, еднаш славеше во Кавадарци
Аплицирајте веднаш за

Најубедливата победа во меѓусебните дуели ја има Работнички кој во 1994 година славеше со 81:49 во финалниот натпревар што се одигра во Гостивар. Следните два дуела во финале на Куп ги доби МЗТ Скопје, во 1996 година во Градски парк и во 2000 во старата сала „Јане Сандански“ со кошот на Димче Гаштарски во последната секунда.

Во 2003 година Работнички победи во Градски парк со 80:78, а на новата пресметка за трофејот се чекаше осум години до спомнатиот дуел во 2011.

Жељко Лукајиќ лошо почна, но има огромна шанса да ја спаси сезоната на МЗТ Скопје

Кога станува збор за Кавадарци, двете екипи имаат и убави и лоши спомени. Работнички го освои пехарот од Купот во „Јасмин“ во 1998 година во легендарното финале во кое по продолжение ја совлада Орка со проектилите на Горан Димитријевиќ. МЗТ Скопје следната сезона го победи Николферт во истата сала.

Шампионот триумфираше во последните четири настапи во финалните натпревари од Купот на Македонија. Последниот пораз го претрпе токму од Работнички во 2011 година.

Тимот од Градски парк не е совладан во меч за титулата од Купот од 2002 година. Оттогаш победи шест пати по ред, последен пат во 2015 година во „Јане Сандански“.