ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички и Вардар ќе играат дома, Шкупи останува прволигаш

Работнички и Вардар ќе играат дома, Шкупи останува прволигаш

сподели
Од последната седница на УО, кога беше донесена одлуката за суспензија на Ненад Димитријевиќ.

Управниот одбор на МКФ реши салите „Градски парк“ и СРЦ „Кале 2“ да останат лиценцирани за прволигашки натпревари.

Екипата на Шкупи останува дел од Првата лига, која што ќе се игра по систем за 12 екипи, со една екипа слободна во секое коло.

Иако сите прволигаши застанаа зад клубот од Чаир, сепак дел од присутните на состанокот имаа различни мислења од конечната одлука што беше донесена.

Аплицирајте веднаш за

„Правилата не се создадени некого да оневозможат да игра, туку да се направи систем во кој секој што ќе плаќа согласно роковите ќе има реални и конкретни услови за играње. Ова е крајно несериозно, да не се испочитуваат два рока и одлука на Комисија на Итност и на Управниот Одбор.

Ако сакаме да направиме некоја промена на подобро за сите клубови, мора да научиме да ги почитуваме тие правила.

Како сакаме да донесеме спонзор на Првата лига во која што нема квалитет, сали во кои што нема публика, клубови кои што до почетокот на првенството не знаат колкав буџет имаат и со какви играчи ќе играат, односно како ќе ја завршат сезоната.“ – рече Ивица Јефтиќ, член на УО на МКФ.

Претставникот на Водњански Лисици посочи дека на неговата екипа не и било дозволено да добие пролонгиран рок, за уплата на котизацијата, поради што се откажала од Првата лига, а сега на Шкупи му се дозволува такво нешто.

Посочено беше дека Лисици не се против Шкупи или против која било друга екипа, туку се бара еднаков аршин за сите, а претставниците на МКФ реплицираа дека Шкупи ги исполнил точките во процедурата, додека Лисици не го сториле тоа.

„Мислам дека не смееме да навлегуваме во приватните моменти на приватните клубови, а тоа се буџетите и ростерите.

Седат Мехмети (фото: архива)

Ако една екипа ги испочитува роковите и висината на средствата за котизација предвидени од МКФ, тогаш треба да и дозволиме да игра.

Во спротивно ќе уништиме еден клуб, што во крајна линија е удар за македонската кошарка, воопшто.“ – изјави некогашниот функционер на Шкупи, Седат Мехмети, кој што сега е во функција на потпретседател на МКФ.

На седницата на УО се спомена и намалување на прволигашката конкуренција на 8 екипи, предлог што треба да се разгледува во наредните две години, а се побара и стриктно почитување на правилата и одлуките на МКФ, за што исто така ќе се решава во периодот што следува.