ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА РАБОТНИЧКИ ИМА НОВ ДОКТОР: Името исто така му почнува на М!!!

РАБОТНИЧКИ ИМА НОВ ДОКТОР: Името исто така му почнува на М!!!

сподели

Најтрофејната екипа си замина со пол плен од Јане Сандански благодарение на еден од играчите. Ќе го издвоиме, без да го маргинализираме учинокот на останатите. Во тимската игра секогаш победува екипата, но и секогаш се издвојува еден.

Тоа, овојпат, освен одлично подготвената стратегија на стратегот, беше Марјан Јанески. Играше толку лесно, како да се вратил од некоја Евролига екипа, да ја заврши кариерата дома. Погодуваше од секаде, го излудуваше противникот. Тој, е најпотценетиот играч во Македонија!!!

Аплицирајте веднаш за

Гостиварецот има 30 години, ова му е втора епизода во дресот на Работнички. Најдоброто од себе, го даде кога требаше најмногу, барем во оваа почетна фаза од шампионатот. На почетокот на првенството не е круцијално да се победува, од резултатски аспект, но од психолошки е (и тоа колку!!!) важно!

Јанески постигна 30 поени, што е точно една третина од вкупниот број поени што ги постигна досега единствената непоразена екипа (88:90). Имаше несекојдневни 6/7 во ударот за три поени, за два реализира 5/9, беше зарѓан спирално нажлебен клинец во петата на МЗТ Скопје.

Погоди две од четирите слободни фрлања, имаше 5 скока, една асистенција и една загубена топка, индексот на корисност му беше највисокиот на натпреварот – огромни 29. Како споредба – Чавдар Костов имаше 20 поени и 9 скока, со индекс 23, но за 40 минути игра. Јанески одигра скоро 26 минути.

Нема некоја неверојатна кошаркарска анатомија, одразот не му е најсилната страна, но има раритетна кошаркарска интелегенција. Јанески е член на генерацијата Португалија 2006, која што природно го наследува просторот и во нашата лига и во нашата репрезентација.

Се поставува прашањето, дали за Марјан Јанески (покрај близнаците Стојановски, Костоски, Трајковски, Соколов и останатите од тие 12 величенствени во У20 генерацијата, кои што последни не вратија во А дивизијата) може да нема место (или зошто го нема стандардно) во А репрезентацијата?

Најдоброто од овој Јанески и од овој Работнички, би требало да го видиме во финишот на првенството. Се уште сме на почетокот на оваа нова кошаркарска серија, која што очекуваме да има нови возбудливи епизоди, во режија на, кој друг, ако не Работнички и МЗТ Скопје.