ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички доминира во Македонија

Работнички доминира во Македонија

сподели

По триумфот во М20, и генерацијата М18 на Работнички ја освои титулата во својата конкуренција.

Во финалето триумфираше против најголемиот фаворит МЗТ Скопје со 93:69 потврдувајќи дека најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, освен со првиот тим, доминира и со своите младински категории.

Се очекуваше многу понеизвесно финале со оглед на тоа што двете екипи во своите редови имаат играчи од сениорските тимови, но Работнички покажа дека во моментов е далеку пред својот ривал. Веќе во првата четвртина направи двоцифрена предност, на полувреме имаше +19, а во продолжение уште повеќе ја зголеми разликата.

Аплицирајте веднаш за

Убедливо најдобар играч на теренот беше капитенот Славчо Темелковски кој постигна 28 поени и 20 скока за вкупен индекс 38. Работнички го победи МЗТ Скопје со пет играчи бидејќи оние од клупата постигнаа само два поена.

Дамјан Миса делумно му парираше на Темелковски, постигна 21 поен и девет скока, но изостана помошта од неговите соиграчи.

Со оваа победа, Работнички ја одбрани титулата во М18 која ја освои и минатата сезона.