ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички го одработи гостувањето кај Фени

Работнички го одработи гостувањето кај Фени

сподели

Без многу напор, Работнички дојде до 13. победа во Првата кошаркарска лига совладувајќи го Фени во Кавадарци со 74:55.

Шанса добија помладите кошаркари во тимот, но огромната разлика во квалитет беше евидентна во секој сегмент. Фени некако и се држеше во првото полувреме по кое имаше негатива од само шест поени (22:28), но во продолжение Работнички го потврди своето реноме и стигна до убедлив триумф.

Новиот играч Девон Вокер ги предводеше домаќините. Во своето деби Американецот постигна 21 поен и седум скока и заедно со капитенот Петровски беа најдобри поединци кај Фени.

Во тимот на Работнички никој посебно не се истакна, а најефикасен беше Мираковски со 14 поени.