ПОЧЕТНА Куп на РМ Работнички во полна пареа пред завршницата на Купот

Работнички во полна пареа пред завршницата на Купот

сподели

Најтрофејната македонска екипа тренира скоро во полн состав, на последниот тренинг, од носителите на играта во цивилка беше Кирил Николовски, но од она што можеше да се види на паркетот, нештата стануваат сериозни.

Првиот тест во сезоната е куп турнирот во Гевгелија, на кој што центарци ќе влезат како голем фаворит за титулата, со оглед на ростерот и игрите што ги гледавме во текот на актуелната сезона.

Аплицирајте веднаш за

Црвено-белите се први на табелата, со 12 победи и само еден пораз. Имаат една победа повеќе од второпласираната и третопласираната екипа, МЗТ Скоје Аеродром и Блокотехна.

Последен пат, Работнички ја освои титулата во Купот во 2015-та година, во СЦ Јане Сандански против Кожув, кој што претходно го шокира МЗТ Скопје во полуфиналето, со тројката на Пековиќ во последната секунда од мечот.

Минатата година, екипата на Марин Дкузовски беше поразена од МЗТ Скопје во големото финале во Кавадарци, но играше без тогаш најдобриот поединец, Маркус Гинјард кој што велеше дека е повреден и затоа не настапи на последниот меч.

Подоцна, дебармаалци успеаја да ја освојат титулата и по долги години голгота да ја вратат во Градски парк, но останува горчината од поразот од најлутиот ривал, што знаејќи ја содржината на нивната ДНК, нема така лесно да биде пребродено.

Очекуваме уште една мегапресметка на финалниот турнир во салата „26-ти април“, што нема да се случи во финалето, туку е можна во полуфиналето затоа што скопските екипи се на истата страна на ждрепката, според системот што вели првиот игра со осмиот, вториот со седмиот итн, според пласманот во првиот дел од сезоната.