ПОЧЕТНА Куп на РМ Работнички без Гинјард во финалето!?

Работнички без Гинјард во финалето!?

сподели
фото: Ристе Стамаџиев / Мартин Димов

Најтрофејниот македонски клуб Работнички ќе се обиде да стигне до десеттата титула во Купот на Македонија, но по неа ќе тргне без најдобриот играч во екипата, Маркус Гинјард.

Американецот се повреди во еден дуел за топката во рамките на полуфиналниот натпревар против најжилавиот противник сезонава, за Работнички, екипата на Куманово.

Тренерот Марин Докузовски по натпреварот откри дека многу веројатно, Гинјард ќе го пропушти финалето.

„Гинјард доживеа повреда на задната ложа.

Поради тоа не се радуваме многу на пласманот во финалето иако не планираме да се предадеме, без разлика кој ќе ни биде противник.” – изјави Докузовски.

Аплицирајте веднаш за

Гинјард е убедливо најдобар стрелец на Работнички во досегашниот дел од сезоната со просек од 19,6 поени по натпревар.