ПОЧЕТНА Младински лиги Работнички нов младински шампион, Ефремовски МВП

Работнички нов младински шампион, Ефремовски МВП

сподели

Во пресрет на стартот на пресметката за шампионската титула во сениорска конкуренција, се одржа финалето во младинска конкуренција (М20).

Титулата ја освои Работнички кој во финалето славеше со 84:76 против ФМП Академија, тим кој во основниот дел од сезоната го освои првото место.

Натпреварот беше рамноправен 30 минути, а клучна беше серијата од 15:1 на средината од последниот период по која Работнички ја анулираше убедливата предност на противникот и дојде во водство од 74:70. ФМП Академија до крајот не успеа да направи пресврт.

Аплицирајте веднаш за

Најефикасен играч на натпреварот беше првотимецот на Работнички, Виктор Ефремовски кој сега играше за младинскиот тим, заедно со Темелковски и Дамјан Крстевски. Ефремовски постигна 30 поени и беше прогласен за МВП на финалето.