ПОЧЕТНА Европски првенства Против Чешка за влез во елитата

Против Чешка за влез во елитата

сподели

Кадетската репрезентација на Македонија го доби последниот противник на Европското првенство Б-дивизија.

За пласман во елитната конкуренција ќе се бориме со селекцијата на Чешка која загуби од Русија со 78:65.

Чесите имаат идентичен биланс како нас на ова првенство, четири победи и два пораза, но интересна ситуација е тоа што поразите ги претрпе од истите селекции како и Македонија – Русија и БиХ, инаку финалисти на шампионатот.

Аплицирајте веднаш за

Натпреварот за третото место кое обезбедува место во А-дивизијата се игра на 18 август од 18:45 часот.