ПОЧЕТНА А Репрезентација Против Хрватска и Косово во втората претквалификациска фаза за ЕП 2021?

Против Хрватска и Косово во втората претквалификациска фаза за ЕП 2021?

сподели

Иако првата фаза тукушто почна, ФИБА веќе ја изврши ждрепката за вториот круг од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. Ситуацијата во моментов е тотално нејасна бидејќи се одиграни само две кола, па затоа сите се занимаваме само со претпоставки.

Ако продолжиме натаму, за противници ќе ги имаме четвртопласираните екипи во групите Ц и Д од квалификациите за Светското првенство во 2019 година, а во моментов тоа се селекциите на Хрватска и Косово. Во случај да останат таму, тие ќе испаднат од борбата за пласман на Светското првенство и ќе се префрлат во претквалификациите за Еврошампионатот.

Но, до крајот на тие квалификации, исто така има уште два прозорци, а особено интересен ќе биде оној во јуни кога право на настап ќе имаат и играчите од НБА и Евролигата. Хрватска во таков случај ќе биде драстично засилена затоа што најдобрите кошаркари од оваа земја играат во елитните натпреварувања.

Ако Хрватска се спаси, во нашата група можат да влезат Холандија или Романија (предводена од Заре Марковски) што би ни ја олеснило работата. Кај Косово е малку поинаку и со голема веројатност оваа репрезентација повторно ќе ни биде противник во едни претквалификации.

И поранешниот селектор може да и биде противник на Македонија (фото: FIBA)

Во втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година учествуваат 12 репрезентации поделени во четири групи. Директно во главниот круг одат само првопласираните четири, а другите осум играат нови квалификации со тоа што четири ќе поминат натаму.

Изгледа малку комплицирано, па затоа е добро да го погледнете видеото на кое се е добро објаснето: