ПОЧЕТНА АБА Проработе тешката артилерија: МЗТ Скопје со 14 тројки го освои Сплит

Проработе тешката артилерија: МЗТ Скопје со 14 тројки го освои Сплит

сподели

Македонскиот вицешампион не го дава второто место во АБА 2 лигата и покрај големиот притисок од Спарс.

МЗТ Скопје ја оствари третата победа во низа, една од најслатките досега бидејќи е на теренот на поранешниот европски шампион Сплит. На крајот тешки 76:78 иако е впечаток дека можеше и порано да го реши прашањето околу победникот.

На крајот беше исклучително драматично, а многу лесно можеше МЗТ Скопје да остане без победата. Иако на почетокот од третиот период водеше и со 10 поени разлика (39:49), победникот се решаваше во последните минути.

При водство од 75:76, Иванов оствари значаен скок во напад и му овозможи на Бојиќ да реализира за +3. Марчинковиќ потоа погоди само едно од двете слободни фрлања, а Вудард на 25 секунди пред крајот имаше можност да стави точка. Сепак, тој ги промаши двата „пенала“, па Сплит доби доволно време да се бори за продолжение или победа.

За среќа, прво промаши Кобинс за два, а потоа Вељачиќ за три и нашиот тим и се израдува на победата.

Клучен беше шутот од далечина, кошаркарите на МЗТ Скопје реализираа дури 14 тројки од 32 обида, но ги промашија последните четири шута, а во еден период имаа и над 50% успешност. Симоновски погоди пет тројки, Вудард и Стојановски по 3, Иванов две, а Соколов една.

Единствениот хрватски кошаркар во редовите на нашиот тим беше и најефикасен со 18 поени на кои додаде 10 скока и 7 асистенции. Симоновски постигна 15 поени, а Стојановски 14.

Во следното коло МЗТ Скопје го пречекува „фенерџијата“ Вршац и очекува продолжување на победничката серија.