ПОЧЕТНА Избор на уредникот ПРОМЕНИ: Играчите во движење послободни, „непослушните“ ќе летаат надвор

ПРОМЕНИ: Играчите во движење послободни, „непослушните“ ќе летаат надвор

сподели

Евролига ги прифати промените во правилата што ги донесе ФИБА на 1-ви октомври, а се однесуваат на играчите во движење, при примање на топката и при продолжување на акцијата.

На играчите кои што се во движење и ја примаат топката, односно се во обид да шутнат или да додадат, ќе им биде дозволен дополнителен или т.н. получекор, со што ќе имаат повеќе слобода во маневрирањето.

Она што останува непроменето, е круцијалното правило по кое што „европската кошарка“ (ФИБА) се разликува од американската (НБА), а тоа е забраната за кревање на стојната нога при старт на акција од страна на играчот со топка кој што е во мирување.

Аплицирајте веднаш за

Пред да биде кренато стапалото на ногата со која што играчот пивотирал, мора претходно да биде ослободена топката.

фото: gazetta.it

Сите фаули кои што ќе бидат обиди за неспортско стекнување предност ќе бидат досудени како „неспортски“, а тоа се нелегитимните обиди да се игра со топката, прекумерната грубост во контактот со играчот и/или со топката, непотребен контакт во транзиција и латерален или контакт одзади во контра со играчот кој што ја има топката.

Играчите кои што ќе направат две неспортски грешки на еден натпревар, или кои што ќе добијат две технички, или комбинација на неспортска и техничка, веднаш автоматски заминуваат „на ладење“ во соблекувалната и немаат право да го продолжат натпреварот.

ФИБА констатира дека со овие правила, офанзивата ќе добие уште повеќе слобода, односно кошарката ќе се забрза на повисоко ниво. Со минатогодишните промени, се зголемил просекот на поени по натпревар и забележан е највисокиот просек на асистенции и прецизни удари за три поени.

(НАПОМЕНА: Насловна фотографија – euroleague.net)