ПОЧЕТНА Евролига Промените на правилата од страна на ФИБА ќе важат и во УЛЕБ

Промените на правилата од страна на ФИБА ќе важат и во УЛЕБ

сподели
euroleague.net

Евролига и Еврокуп натпреварувањата ќе ги прифатат промените на кошаркарската игра, што го усвои Светската куќа на кошарката.

Во соопштението на двете најквалитетни европски континентални лиги, организирани од страна на УЛЕБ, се вели:

Најзначајна е промената во членот за техничката грешка – отсега играчот или екипата што ќе добие техничка грешка ќе остане во посед, а претходно противникот ќе изведе едно слободно фрлање.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Одбранбените играчи кои што во последните 2 минути од последниот период или во дополнителните минути, ќе се обидат со излегување вон граничните линии на полето да спречат уфрлање на топката во игра, ќе бидат казнувани со техничка грешка.

Играчите ќе смеат да си додаваат од табла, односно повторно да стекнат право на посед без топката да ја допре друг играч, со што ќе се овозможи поатрактивна игра во која што играчите ќе може да си додаваат од таблата во контра при евентуален обид за забивање.

euroleague.net

Сите уфрлувања на топката по неспортска, исклучувачка грешка или тепачка, ќе почнат од предно поле со 14 секунди на часовникот за напад.

Секогаш кога на тимот што има посед ќе му биде одземена топката, поради грешка или прекршок, другиот тим добива 24 секунди ако уфрлањето на топката е во задно поле, односно 14 секунди ако е во предно поле.

euroleague.net

Тренерите (екипата) кои што имаат посед и ќе побараат тајм-аут, ќе може да бираат дали сакаат да ја уфрлат топката од предното или задното поле, во последните 2 минути од последниот период или дополнителните минути, што ќе биде договорено меѓу тренерот и судиите, кога ќе заврши тајм-аутот.

Заглавена топка меѓу обрачот и таблата, освен при слободни фрлања или при грешка со посед, ќе значи промена на поседот според правецот на стрелката на записничката маса, со 14 секунди за екипата што била во посед или 24 секунди за екипата што немала посед.