ПОЧЕТНА Избор на уредникот ПРОВОКАЦИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Колку всушност е квалитетна српската кошарка?

ПРОВОКАЦИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Колку всушност е квалитетна српската кошарка?

сподели
vtb-league.com

Екипата на Борац го испоти противникот што ги ожнеа сите трофеи во потесниот дел на Балканот, минатата сезона. Црвена звезда со милион титули во витрините, бараше дополнителни 5 минути против тимот од Чачак во 1/4 финалето во српскиот Куп (71:71, 85:79).

Чачани, за тие што не знаат, се дел од втората АБА лига, односно се на првата позиција во ова натпреварување што стартуваше сезонава, а Црвена звезда игра во елитната Евролига.

Споредба меѓу двете споменати екипи и истовремено меѓу нашите и нивните не е потребна, но друго нешто е во прашање.

Аплицирајте веднаш за

Македонските екипи што одбија настап во АБА 2, треба да стават прст на чело и да се прашаат: Дали пропуштија одлична прилика да се надигруваат со школувани тимови и се затворија во локалната школка?

Без квалитетни противници нема напредок, а тие квалитетни противници во АБА 2 лигата бараат дополнително трошење на енергија и средства, можеби тоа е причината. Во АБА 2 играат трикратниот европски шампион Сплит, европскиот првак Босна, српскиот расадник Вршац, Крка…

StarsSport, b92.net

Квалитетот на овие екипи најдобро го почувствува АВ Охрид, тим што ги загуби сите мечеви со огромна разлика и победи службено на еден натпревар.

Тешко дека може да му замериме на охридскиот тим кој што свесно се обидува да го стекне неопходното искуство, по потешкиот пат, на своја кожа, што може да биде само позитивно ако се научи лекцијата.

Кога ќе ги победиш сите споменати екипи од втората и ќе се пласираш во првата, знаеш дека си подготвен за премиерната АБА конкуренција, која што сакале ние или не, е најсилна на балканските простори во моментов и води во Евролига.

Таму царуваат српските и словенечките екипи, кои што ќе се борат за место во АБА 1.

druga.aba-liga.com

И уште еден податок за квалитетот на кошарката на нашиот северен сосед, од кого може само да научиме како се прави кошарка, бесплатно, со свој производ кој што е најевтин и најдобар од повеќе причини.

Стеван Јеловац (28 години, насловна фотографија) кој што потекнува од Визура (Мега), постигна 49 поени со 15 скока за индекс 55, во победата (103:97) на Нижни против Калев по продолжението (84:84, 19:13) во рамките на регионалната ВТБ лига.

Ние практично го купуваме она што од кај нив никој не го сака, со секоја чест на исклучоците кои што се се поретки. А за причините споменати малку погоре, нешто подоцна, кога ќе заврши нашиот продолжен Куп викенд, што втора година по ред ќе се игра во Кавадарци…