ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Провел го начна, Михајлоски му пресуди на Пелистер

Провел го начна, Михајлоски му пресуди на Пелистер

сподели

Вардар ја оствари втората победа во Првата лига оваа сезона, втора во низа, а прва на домашен терен.

Го совлада Пелистер со 65:63 во еден од најнеизвесните натпревари во шампионатот во кој победникот беше одлучен на четири секунди пред крајот.

Аплицирајте веднаш за

Битолчани ги имаа сите услови да дојдат до првиот триумф остварен на терен (Шкупи го победија службено), го диктираа темпото повеќе од три четвртини, но во финишот заборавија на најголемиот адут на „црвено-црните“, Џуниус Провел.

По поените на Билер, во 31. минута Пелистер поведе со 46:55. И тогаш почна шоуто на Американецот во редовите на Вардар. Тој ја иницираше серијата од 11:0 во која партиципираше со осум поени од кои две тројки. Потоа постигна уште една тројка и реализираше две слободни фрлања и на 97 секунди пред крајот го донесе својот тим во водство од 63:62.

Харис погоди само еден од двата „пенала“ и на минута ипол пред крајот израмни на 63:63. Двете екипи потоа не искористија по два напада за на 13 секунди пред последниот звук на сирената Михајлоски да реализира две слободни фрлања за 65:63. Харис промаши шут за израмнување и двата бода останаа во Скопје.

Од вкупно 19 поени на Вардар во последната четвртина, Провел постигна 13, а натпреварот го заврши со 23 на кои додаде 10 скока и 5 асистенции. Домаќините погодија 11 тројки што е една од причините за победата на овој меч.

Кај Пелистер убедливо најдобар играч беше Билер со 24 поени и 17 скока, но од поле шутираше 6/18. Изостана поддршката од клупата, Пелистер играше со вкупно седум кошаркари, а резервите заедно постигнаа 4 поени.