ПОЧЕТНА Други лиги ПРИЈАВЕТЕ СЕ: Стартува првата македонска 3х3 лига!

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: Стартува првата македонска 3х3 лига!

сподели

Претстојното лето баскетџиите низ Република Македонија ќе имаат шанса да учествуваат во лигашко натпреварување – во месец мај, Здружението „3х3 Macedonia“ ќе ја стартува премиерната „3х3“ лига која што ќе трае до крајот на септември.

Сениорската лига ќе се одржува во поголемите градови во Македонија, додека завршниот турнир на кој што ќе се добие првиот 3х3 шампион на Македонија ќе биде во Скопје, најверојатно на градскиот плоштад.

Аплицирајте веднаш за

Првиот Satellite турнир ќе биде организиран во Охрид. Кадетските турнири ќе се одржат на територијата на Град Скопје.

Веќе се играат турнири за најмладите категории (У15), а ќе биде составен и националниот тим кој што ќе не претставува на меѓународните турнири.

Младиот национален тим до 23 години ќе учествува на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија каде што ќе учествуваат најдобрите 3х3 федерации.