ПОЧЕТНА Младински школи Прима баскет организира камп во Грција

Прима баскет организира камп во Грција

сподели

Втора година по ред, гевгелиската школа ги води младите кошаркари на камп на брегот на Егејското море.

Лани база беше Кавала, а сега вљубениците на овој спорт ќе можат да се дружат со кошарката во местото Неа Фокера, на првиот крак на Халкидики, позната локација на која се одржуваат младински кампови. Овој ќе се одржи во периодот од 16 до 22 јуни.

„Минатото лето имавме одлично искуство со организацијата на нашиот камп и оваа година повторно ќе се обидеме да им пружиме задоволство на младите кошаркари.

Школата Прима баскет постои веќе 2,5 години, има над 80 членови, а кампот е за деца од 7 до 16 години. Тие ќе бидат поделени во четири групи: од 5 до 7, од 8 до 10, од 11 до 14 години и една женска екипа. Тренери се Атанас Димов, Диме Баснарков и Пепа Ташева која ќе го води женскиот тим.

Покрај кошарката, во преден план ќе биде дружбата и забавата по напорната сезона”, изјави Павле Николов, сопственик на школата и тренер на прволигашот Кожув.

Прима баскет е една од школите кои последните години организираат кампови во Македонија или соседството.