ПОЧЕТНА Некатегоризирана Претседателот ја доби довербата, без промени на чело на ФИБА

Претседателот ја доби довербата, без промени на чело на ФИБА

сподели

Тургај Демирел повторно е избран за прв човек на ФИБА Европа и на оваа функција ќе остане до 2023 година.

На Генералното собрание што се одржа во Минхен тој доби уште еден мандат откако на таа функција веќе помина пет години. Негови противкандидати беа поранешниот српски репрезентативец Дејан Томашевиќ и Белгиецот Сирил Куманс.

Куриозитет е тоа што претседателот на Кошаркарската федерација на Турција, Хидајет Туркоглу не му даде поддршка на својот сонародник Демирел, туку на Томашевиќ

Донесена е одлука Генералното Собрание на ФИБА Европа во 2021 година да се одржи во Сараево.