ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Пред очите на Ѓорѓевиќ, Драгиќ за малку не го собори неговиот рекорд

Пред очите на Ѓорѓевиќ, Драгиќ за малку не го собори неговиот рекорд

сподели
Зa само шест поени...

Освен што го освои МВП признанието, Горан Драгиќ беше многу блиску до рекордот на финалните натпревари.

По одличното прво полувреме во кое постигна 26 поени се чинеше дека ќе падне достигнувањето од пред 22 години. Но, во вториот дел Драгиќ снема сили, ситуацијата мораа да ја спасуваат Рендолф и Препелиќ за на крајот Словенија да се закити со својата прва титула во историјата.

И по 22 години остана рекордот на Ѓорѓевиќ

Драгиќ застана на 35 поени што е најмногу во едно финале на Европските првенства од 2003 година кога Пау Гасол постигна 36. Му недостасуваа само шест за да го симне српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ и тоа пред неговите очи.

Аплицирајте веднаш за

Во фамозното финале во 1995 година против Литванија, Ѓорѓевиќ постигна 41 поен со девет тројки од 12 обиди. Зад него на второто место е Никос Галис со 40 поени од финалето во 1987 година против СССР.