ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прв голем трансфер во новата година: Магдевски се сели во Гостивар

Прв голем трансфер во новата година: Магдевски се сели во Гостивар

сподели
Од Кавадарци во Гостивар - Магдевски на натпреварот против Работнички

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски ќе ја продолжи кариерата во тимот на Гостивар. Како што информира менаџерот на 21-годишниот плејмејкер Горан Андреевски, преговорите се успешно завршени и преостанува само да се финализира трансферот.

Магдевски треба да биде големо засилување за тимот на Гостивар ако се имаат предвид неговите статистички показатели од првиот дел од сезоната. Со 18,6 поени по натпревар, тој е седми стрелец во првенството, но најдобар македонски кошаркар во оваа категорија.

Гостивар ќе добие млад, но квалитетен играч, плус репрезентативец

Освен тоа, досегашниот кошаркар на Фени Индустри е трет асистент (5,7 асистенции по натпревар) и најдобар „крадец“ во лигата со 2,8 украдени топки по натпревар.

Ако се има предвид неговиот бекграунд, односно фактот што излезе од школата на Реал Мадрид и играше во првиот тим на Партизан, нема сомнение дека Гостивар ќе добие фантастичен играч.