ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прво странско засилување за Гостивар

Прво странско засилување за Гостивар

сподели
Петти нов играч во ростерот на новиот прволигаш - Александар Тодоровиќ (црвен дрес)

По договорите со Димчевски, Тасовски, Зеќири и Робев, Гостивар го договори првото странско засилување за претстојната сезона.

Станува збор за српскиот крилен центар Александар Тодоровиќ кој последната натпреварувачка кампања ја поминал во тимот на Борац Чачак. Таму бил еден од подобрите кошаркари со ефект од 12,7 поени и 6,2 скока по натпревар. Висок е 206 сантиметри, а поседува и добар шут од далечина и минатата сезона имал дури 88 обиди за тројка.

Аплицирајте веднаш за

Тодоровиќ ќе се појави на прозивката пред подготовките за новата сезона која е закажана за среда.